Иран апси активисти во пресрет на годишнината од смртта на Махша Амини

Најмалку 18 активисти беа уапсени последниве денови низ Иран додека властите се обидуваат да спречат собир на активисти пред првата годишнина од смртта на Махша Амини, пренесува Радио Слободна Европа.

Амини која беше уапсена за време на посета на Техеран за наводно кршење на законот за задолжително носење шамија, почина на 16 септември минатата година, во полициски притвор.

Нејзиното семејство и поддржувачите го отфрлија објаснувањето на властите, велејќи дека сведоците виделе како Амини ја тепале за време на нејзиното апсење.

Нејзината смрт поттикна илјадници Иранци да излезат на улиците низ земјата за да бараат повеќе слободи и права за жените. Големите немири претставуваат најголема закана за исламската влада од револуцијата во 1979 година.

Иранските организации за заштита на човековите права објавија информации за повеќе апсења во провинцијата Источен Азербејџан и Курдистан во северозападен Иран. Апсења беа пријавени и во југозападната провинција Кузестан. Провинциите населени со етнички Курди, Азербејџанци и Балучи се во центарот на протестите и насилното задушување на демонстрациите.