[Интервју] Stereo MC’s: Споделуваме музичка енергија

За точно два дена, во сабота (26 јули) како главни ѕвезди на овогодинешното издание на „Д Фестивал“ ќе настапи легендарната британска денс група Stereo MC’s. Во пресрет на нивното гостување, во краток телефонски разговор со фронтмент Rob Birch , разговаравме за еволуцијата на музиката на самиот бенд како и на светско ниво што се случува, за фестивалите, музичките соработки и многу други работи. За Радио МОФ тој открива дека во Дојран ќе имаат диџеј сет заедно со Nick Hallam , а зад микрофонот ќе застане MC Five Alive.

stereo-mcs

Бевте на врвот кога ја издадовте „Connected“, што беше причината за 8-годишната пауза помеѓу албумите?

Бевме долго време на турнеја откако ја издадовме, настапувавме година и половина, а потоа продолживме да снимаме и да правиме песни, но мислам дека не бевме сигурно во кој правец сакаме да продолжиме и затоа не извадивме албум. Направивме продукциска куќа, правевме доста ремикси и мислам дека додека не го издадовме „DJ Kicks“албумот не сфативме во кој правец сакаме да одиме. После тој албум, многу брзо дојде и „Deep, Down and Dirty“…

Од првиот па се до последниот албум на Stereo MC’s, што се промени во вашата музика?

Мислам дека разбравме дека сакаме да се вратиме на нашите корени, поточно онаму каде што започнавме со андерграунд денс сцената. На почетокот вадевме само 12’’ плочи и се движевме по продавници, сега се трудиме пак да го правиме тоа, да вадиме нови песни, можеби и некоја нова 12’’ плочa, што и го направивме сега, за новата песна „Good Feeling“. Постојат 12’’ изданија со ремикси на Terranova и Mr.G, а оргиналната верзија можете да ја превземете од нашата веб страна.

Кои се плановите на бендот за до крајот на годината?

Многу, многу настапи. Многу диџеј сетови. Настапи на најразлични места, исто така и создавање на нови песни. Тоа е генералниот план. Исто така и ќе се обидеме да имаме уште многу соработки. Едноставно, да ја шириме енергија на музика…

Целото интервју можете да го слушнете во продолжение:

[Interview] Rob Birch from Stereo MC’s by Radio Mof Music on Mixcloud

Николај Митрески