„Д ФЕСТИВАЛ“ 2014 во Дојран

Четвртото издание на музичкиот хепенинг „Д ФЕСТИВАЛ“ ќе се одржи на 26 јули, на веќе традиционалната локација – паркингот Гранит во Дојран.

unnamed

Како дел од годинешната програма организаторите го најавуваат настапот  на македонскиот бенд Стринг Форсес, а веќе е потврдено учеството на британските хип хоп артисти „Стерео МЦ’с“ (STEREO MCS). Во периодот што следува ќе биде комплетирана целата програма за фестивалот која според организаторите е составена од повеќе селектирани артисти од светската и домашна музичка сцена.

Првиот контингент влезници за годинашното издание на „Д ФЕСТИВАЛ“ се веќе пуштени во продажба по промотивна цена од 250 денари, а можат да се купат преку продажната мрежа на МКтикетс.