Институт за јавно здравје: Водата од поплавените места во скопско е безбедна за пиење

Водата за пиење во загрозените региони од саботното невреме кое го зафати Скопје е бактериолошки и хемиски исправна – соопштиле од Институтот за јавно здравје, пренесе МТВ. Ова го покажале резултатите од серијата испитувања кои се вршеле во акредитирани лаборатории. Единствено во Арачиново се уште нема вода бидејќи се поплавени пумпите.

„Го известуваме населението од загрозеното подрачје во скопскиот регион, населбите Ченто, и Сингелиќ – економија, селата Сингелиќ, Црешево, Стајковци и Смилковци дека водата за пиење од водоводната мрежа со која управува и редовно ја контролира ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје е безбедна и може да се користи за пиење“, изјавил проф. д-р Михаил Кочубовски од Институтот за јавно здравје.

Лекарите велат дека засега нема појава на заразни заболувања, но остануваат основните препораки за пиење безбедна вода, темелно миење на телото и избегнување на консумирање храна од подрачјата зафатени од поплавите.