Инспиративниот говор на Лазар Ѓуров: Нема откажување во борбата против загадувањето, бидејќи за децата се работи

„Да ги прашам политичарите, имате ли бре деца? Ги сакате ли, нормални ли сте вие? Ги трошите нашите пари на глупости, а вашите деца дишат од овој смрдлив воздух. Разбирам да сакате пари, разбирам да сакате да живеете раскошно, но дали сте нормални? Вашите деца дишат од овој воздух. Четири деца умираат дневно, тоа може да биде и твоето дете“, рече скопјанецот Лазар Ѓуров, на синоќешниот протест во Градски парк.

Гневен поради огромното загадување и незаинтересираноста на надлежните за негово решавање, тој застана пред насобраните и го започна својот говор, за кој доби силен аплауз и пофалби. Неговиот говор многумина го почувствуваа како искрен и инспиративен, па поради тоа, Радио МОФ го издвои неговото обраќање, кое може целосно да го слушнете во продолжение.