Импров настап во МКЦ

Актерската дружина „Импров група“ која се бави со играње на театарски игри во форма на забавно шоу, го закажа својот настап а 24 февруари, четврток, во Младинскиот културен центар. Настанот ќе започне во 21 часот.

„Водител“ на импров настапот ќе биде Андреј Цветановски, а актерската дружина ја прават Сергеј Димовски, Мартин Манев, Наталија Теодосиева, Григор Јовановски, Дамјан Цветановски, Тони Денковски и Ангела Стојановска.

Поради пандемијата, настапите со актерска импровизација беа одложувани, па групата пишува дека публиката „конечно ќе може да ги искористи билетите кои собираат прашина од 2020 година“.

„Ако не сте во можност да дојдете, претходно купените билети можете да ги рефундирате или да ги замените со некои други билети за настаните во МКЦ“, додаваат тие.

Заснован на игри за импровизација, адаптирани да се играаат пред публика, Импров Настап е комична, непосредна, но комплексно структуирана театарска претстава, обврзана да критикува, демистифицира и образува, оградувајќи се од вулгарност и прост подбив.

Оние кои немаат набавено билети за настапот, може да набават на билетарницата во МКЦ и онлајн.