Илон Маск го најави „Грок“ – нов модел на вештачка интелигенција

Илон Маск откри детали за модел на вештачка интелигенција наречен „Грок“, кој директно ќе ја користи платформата „Икс“ – новото име на „Твитер“, а иницијално ќе биде достапен за сите премиум корисници од другите социјални платформи.

Според Маск, врската на „Грок“ и „Твитер“ е голема предност за разлика од другите модели за генерирање на вештачка интелигенција.

„’Грок’ сака сарказам. Не знам кој го изработил на овој начин“, напиша Маск, додавајќи симболи за смеа на својата објава.

„’Грок’ е инспириран од ‘Странец во чудна земја’ – научно-фантастичен роман од 1961 година, од авторот Роберт Хајнлејн и значи ‘суштинско и интуитивно разбирање на нештата’“, истакна Маск.

Според Маск, „Грок“ ќе биде достапен за користење од страна на премиум корисниците на „Икс“, веднаш откако ќе излезе од фазата на тестирање.

Пред една година Маск ја купи социјалната мрежа „Твитер“ и ја именуваше „Икс“, а потоа објави и премиум опција за користење која чини 16 долари месечно и дозволува користење на платформата без реклами.

Маск започнал да работи на својот модел на вештачка интелигенција во јули годинава, а за создавањето вработил истражувачи од „ОпенАИ“, „ГуглДипМајнд“, „Тесла“ и Универзитетот во Торонто.