Играта „Франтикс“ на која работеше и тим Македонци доби номинација од БАФТА

Номинација од БАФТА за Игра на годината во категоријата детски игри доби „Франтикс“ (Frantics), на која две години работеа седумдесеттина артисти, дизајнери, програмери и тестери, меѓу кои и Македонци.

Играта во земјава имаше промоција во март. Креирана е од компанијата „NapNok games“, чие централно седиште е Копенхаген, Данска, а свое претставништво има и во Македонија.

Освен „Frantics“, БАФТА новинации во категоријата детски игри имаат и  „Еverybody’s golf“, „Кnack 2“ и „Mario + Rabbids kingdom battle“.

Видео-играта беше правена во партнерство со „Sony XDev“ и истовремено е прва игра на студиото за „Playstation“ конзолата. Екслузивна е за плејлинк-платформата, а подразбира комбинирање паметни телефони, телевизија и „Playstation 4“.

Станува збор за „party“-игра која на четири играчи ќе им овозможи забава преку 15 различни мини игри, плус дополнителни предизвици на лошата лисица, главната ѕвезда во „Frantics“. Сите игри се предизвик за рефлексите и за прецизноста на играчите, во кои ќе треба да бидете подобри од пријателите.