Иднината е сега – светот го одбележува „Back to the Future Day“

Пристигна денот што фановите на „Враќање во иднината“ го чекаа 26 години – 21 октомври е датумот на кој вистинскиот свет конечно „го стигна“ замислениот свет од вториот дел на трилогијата „Back to the Future“.

Култната филмска приказна, во чиј втор дел двајцата главни јунаци пристигнуваат во иднината токму на овој датум, беше инспирација за генерациите што растеа во 80-те и 90-те, но очигледно е популарна и кај денешните тинејџери:

Иднината е сега - светот го одбележува „Back to the Future Day“Покрај бројните проекции, собири и свечености организирани од фановите, од фамата поврзана со овој ден ќе се обидат да профираат и компаниите Пепси (со посебна, ограничена серија витаминизиран пијалак во мали шишиња) и Најк (со нова верзија од само-врзувачките патики Air Mag, кои се појавуваат во филмот). Градот Рестон, во американската држава Вирџинија, привремено ќе го смени името во Хил Вели, а на мрежата Нетфликс ќе има премиера на документарниот филм „Back In Time“, кој содржи интервјуа со актерите Michael J. Fox и Christopher Lloyd, режисерите Robert Zemeckis и Steven Spielberg, како и со музичарот Huey Lewis, кој го отпеа хитот од филмот, „The Power of Love“. Филмот ќе биде прикажан на специјалниот фестивал „We’re Going Back“ во Лос Анџелес, кој почнува денеска.

Иднината е сега - светот го одбележува „Back to the Future Day“

Следете ги сите новости поврзани со одбележувањето на „Back to the Future Day“ низ светот

Во меѓувреме, компанијата за видеогри Нинтендо ја реиздаде играта „Wild Gunman“ која ја игра Marty McFly во „Back to the Future“. За денеска е закажана дури и премиера на порно филм инспириран од „Враќање во иднината“ – остварувањето, наречено „Fap To The Future“, ќе се фокусира на „автомобилот D-lorean, познат и како Dicklorean“, секс-временска машина која мора да генерира 88 оргазми во минута за да патува низ времето.

Иднината е сега - светот го одбележува „Back to the Future Day“

Гледано од денешна перспектива, сценаристите на култниот филм се покажаа како релативно добри прогнозери на иднината на технологијата. Од ховербордот, кој стана реалност годинава (во Австралија веќе има полициска единица опремена со футуристичкиот транспорт), преку скенерите на отпечатоци, до технологијата интегрирана во облеката.