Предвидувања од „Back to the Future 2“ кои се остварија

Вториот дел на Back to the Future од 1989 година на гледачите им предвиде иднина со летечки автомобили, „ховерборди“ и чевли чии врвки самите се врзуваат. Изненадувачки дел од визијата на режисерот Robert Zemeckis се претвора во реалност.

Со ентузијазмот на апокалиптичен култ кој чека да дојде крајот, фановите на Back to the Future ги поминаа изминатите 26 години чекајќи го 21 октомври 2015. Тоа е денот од иднината Doc Brown го носи Marty McFly со својот DeLorean во Back to the Future II, во продолжението од 1989 година.

Неделава, PepsiCo најави дека ќе лансира лимитирана линија на Pepsi Perfect шишиња на 21 октомври, исти како она од кое Marty пие на истиот ден во ресторан. Компанијата планира да направи само 6500 од шишињата за колекционери, кои ќе ги продаваат онлајн додека имаат залихи. Настрана од различната етикета, пијалакот кој се продава ќе биде класичното Pepsi кое сите го знаеме.

Во меѓувреме, технолошкиот стартап Arx Pax има намера да ги пушти во продажба првите вистински „ховерборди“ (лебдечки даски) кон крајот на месецов. Развојот на Hendo „ховербордот“ беше финансиран на Kickstarter минатата година, а првите 11 луѓе кои ќе го имаат ова футуристичко возило ќе бидат оние кои први донирале 10.000 долари или повеќе на кампањата. Уредот работи со магнетска левитација, со четири „мотори за лебдење“ со облик на дискови од долната страна.

Nike во јануари исто така најави дека ќе изработат линија на светлечки патики кои сами се врзуваат, како оние кои Marty ги носи во филмот, а ќе бидат пуштени во продажба до крајот на 2015.  Чевлите, кои компанијата ги патентираше минатата година, се надоградена верзија на Nike Air MAG кои почнаа да се продаваат во 2011.

Факс машините не се сеприсутни, како што предвиде Back to the Future II, но филмот успешно го предвиде и постоењето на таблет компјутерите, очила слични на Google Glass и видео конференциите.

Едно неисполнето предвидување во филмот е премиерата на Jaws 19, холографско 3D продолжение на култниот филм на Spielberg, која беше вметната во Back to the Future II како интерна шега меѓу режисерите.

Оригиналниот Back to the Future беше објавен во јули 1985, и засега нема планови за негов „римејк“.

Извор: Independent