И тетовци и кумановци собираат помош за Србија и БиХ

По најавата за акција за собирање храна, облека и друга помош за настраданите во поплавите во Србија и Босна и Херцеговина во Скопје, и од Тетово пристигнува најава дека граѓаните се организираат за да собираат помош за жртвите во поплавите. Акцијата ќе се одвива денеска (18 мај) од 9:00 до 11:00 часот, пред центарот за култура „Иљо Антески – Смок“.

Помошта може да биде парична, но и материјална (облека, храна, алат и сл.), велат од иницијативата за оваа акција. Оттаму велат и дека собраните средства ќе бидат доставени до скопските пунктови поврзани со Српската амбасада во Македонија, а дел од организаторите лично ќе ги достават собраните пари и до Сараево.

Група граѓани од Куманово исто така најавија дека денеска, во периодот од 11.00 до 14.00 часот ќе организираат акција за собирање на храна, облека, покуќнина и друга помош за настраданите во поплавите во Србија и Босна и Херцеговина.