Во Скопје се собира помош за жртвите од поплавите во Србија и БиХ

Утре во Скопје хуманитарен настан за жртвите од поплавите во Србија и БиХУтре (недела, 18 мај) во 12.00 часот, група граѓани на плоштадот Македонија во Скопје организира хуманитарно собирање на облека и постелнина, вода, млеко во прав, пелени, наменети за жртвите од катастрофалните поплави кои деновиве ги зафатија Србија и Босна и Херцеговина. Граѓаните ги повикуваат сите оние кои се во можност да дојдат и да помогнат колку можат.

Во Македонија се формираат фејсбук групи и се организираат хуманитарни акции кои ќе им помогнат на луѓето кои ги изгубија своите домови во поплавите. Одреден број граѓани веќе се организираа и заминаа во погодените области, каде учествуваат во акциите за спасување на населението.

„Црвениот крст на Република Македонија е подготовен и очекува повик за да упати соодветни екипи на логистика, со цел да однесе одредена количина материјали кои се неопходни за неселението. Како и да е, нашите екипи чекаат повик да заминат и помогнат во овие региони“, велат од Црвениот крст на Македонија. Оттаму посочуваат дека граѓаните кои сакаат да помогнат, тоа можат да го направат на следните начини

1. Уплата на парична помош преку уплата на жиро сметка Фонд на солидарност 300000001327966 ДБ 4030984271620 – Комерцијална банка
2. Донирање на 100 денари со повик на телефоните : 075/070/077 143 400
3. Собирен пункт за хуманитарна помош во Скопје е магацинот на Црвениот крст на РМ во Момин Поток со адреса ул.Момин Поток бб, тел. 3096227. На локално ниво помошта може да се донира и во општинските организации на ЦК надвор од Скопје.“

Неформални групи за собирање материјална помош за Србија се: За комшиите се работи!Хуманитарна акција!, Молете се за Србија! и Хуманитарна акција за  помош на настраданите од поплавите во Србија (на последниот линк може директно да се испраќа финансиска помош).

Собраните средства ќе бидат донирани директно во Босна и Србија за поддршка на најпогодените заедници и индивидуи со најголема потреба. ЦИРа како организатор на оваа хуманитарна иницијатива, ќе ги префрли собраните средства на партнерските организации од Србија и Босна, кои работат во областа на развојот на филантропијата.

Исто така, Студентскиот парламент на ФОН Универзитет во координација со Црвениот Крст на Република Македонија, во понеделник (19 мај) од 8:00 до 16:00 часот ќе организира голема ХУМАНИТАРНА АКЦИЈА за настраданите од поплавите во Србија и Босна.

Потребно е да се соберат следниве артикли и да им се донираат на настраданите:

– Хигиенски средства (сапуни, пасти, шампони, средства за дезинфекција)

– Флаширана вода за пиење

– Храна (сува, тетрапак и конзервирана)

– Медицински материјали (гази, завои и лекарства)

– Облека (долна облека, чорапи, маици, истите да бидат уредно здиплени и подредени)

– Храна за бебиња и млеко во прав, влажни марамици, пелени и слично

– Постелнина и ќебиња

Поплавите предизвикаа илјадници луѓе да ги напуштат домовите, да уништат голем број на патишта и мостови, да ги затворат училиштата, и да предизвикаат прекин во снабдувањето на електрична енргија за цели градови.

Извор