И покрај се поголемиот број жртви, демонстрантите во Мјанмар не се откажуваат од протестите

Демонстрантите во Мјанмар не се откажуваат од протестите против владеењето на воената хунта воведена по државниот удар минатиот месец, и покрај зголемениот број жртви, пренесува „Н1“.

Од 1 февруари кога армијата ја собори Владата на Аунг Сан Су Чи, повеќе од 200 демонстранти се убиени, 2.181 демонстрант е уапсен, од кои 1.862 се сè уште во притвор, соопшти Здружението за помош на политички затвореници.

Пучот ги прекина годините на бавниот напредок на земјата кон демократија по пет децении строго владеење на војската што доведе до меѓународна изолација и санкции.

Според написите на локалните медиуми, и денеска се одржуваат мирни протести ширум земјата, а поради ограничувањата на мобилната телефонија и интернетот, не е познато колку луѓе има на улиците во градот Јангон. Мобилната телефонија во целата земја е во прекин од неделата.

Државната телевизија синоќа јави дека лидерот на движењето е обвинет за велепредавство, поради што му се заканува смртна казна. Тој пак, изјави дека е горд што е обвинет за предавство.