Во солидарност со сите цивилни жртви на долгиот конфликт помеѓу Израел и Палестина, на 16 ноември во кафулето „Котур“ се организира хуманитарен настан на проекции на филмови.
Целта на оваа проекција, како што велат организаторите, е да се сподели содржина која може да придонесе кон подигнување на свеста за самиот конфликт, но и од потребата за солидарност со цивилните жртви.
„Селектираните филмови се добиени во согласност со нивните автори, кои ѝ самите гледаат на филмот како на платформа за солидарност и алатка за критичко промислување и градење на перспективи, кои одат преку преку доминантните сензационалистички наративи на медиумите“, додаваат тие.
На настанот ќе биде поставена продажна изложба каде ќе може да се купат дела од ликовните уметници од независниот уметнички колектив Кула.
Собраните средства, како што е најавено, ќе бидат донирани на хуманитарни организации кои делуваат во појасот Газа.
Проекциите ќе започнат во 17 часот, влезот е донација.
Редоследот на проекциите е:
17:00 – Нема време за славење (2018) од Руба Саламех и Фадва Наамна
18:00 – Тивкиот протест. Ерусалем 1929 (2019) на Мухасен Насер-Елдин
18:30 – Реколекција (2015) на Камал Алџафари
20:00 – Ова мора да е рајот (2019) на Елија Сулеиман
22:00 – Законот во овие делови (2011) Раанан Александрович
23:30 – Три логични излези (2020) на Махди Флеифел