Holy Plant – изложба на Ина Михајлова и De:sonanz

Утревечер со почеток од 20 часот во локалот Concept 37, ќе се одржи изложбата Holy Plant на младата уметница Ина Михајлова. Изложбата е дел од фестивалот De:sonanz.

На изложбата ќе бидат претставени делата на Михајлова, во кои освен традиционален цртеж, инкорпорира и реални објекти – во случајов „светото растение“

„Постои едно растение, кое среќа ни дава. Не случајно поддршката за легализација на марихуаната се движи во нагорна линија. Гласовите се замолчени и отфрлени кога станува збор за ова погрешно сфатено растение. Незнаењето останува, а борбата продолжува“, вели Михајлова за мотивот зад изложбата.

Ова е втора слична изложба на Михајлова, која минатата година ја постави изложбата „Je Suis“, на која имаше цртежи со храна.