Хирурзи со помош на вештачка интелигенција успеаја да го обноват допирот и движењето на рацете на квадриплегичен маж

Квадриплегичен човек во САД е првиот во светот кој успеа да го врати сетилото за допир и движење откако операцијата за вградување микрочипови во неговиот мозок поминала успешно, пишува „Еуроњуз“.

Кит Томас кој во несреќа го скршил вратот, останал парализиран од градите надолу. Сега тој се вклучил во клиничкото истражување на Институтот за медицински истражувања Фајнштајн во Њујорк.

Тим од медицински професионалци поминал неколку месеци мапирајќи го мозокот на Томас со магнетна резонанца со цел да ги обележи точките кои се одговорни за движењето на рацете и сетилата со допир на дланките. Операцијата потоа траела 15 часа.

Д-р. Ашеш Мета, хирургот кој ја изврши операцијата на Томас изјави дека жиците во мозокот на Томас биле скршени и тие требало повторно да ги поврзат патиштата преку кои се испраќаат електричните сигнали меѓу мозокот, телото и ‘рбетниот мозок.

„Направивме бајпас, и во основа користиме компјутер за да ги читаме мислите на Кит и потоа ги преведуваме на машина што потоа ја стимулира неговата рака за да може тој да ја помрдне“, објаснува Мета.

Постапката, наречена „двоен нервен бајпас“ оди и во друга насока. Томас сега може да чувствува допир преку мали електроди наместо невроните се сместени на врвовите на прстите и со кои се чувствува допирот.

Малите сензори на неговите прсти и на дланката испраќаат информации за допир и притисок назад до сензорната област на неговиот имплант на мозокот за да ја вратат сензацијата преку компјутерот наместо преку нормалната патека низ ‘рбетниот мозок.

„Причината зошто го нарекуваме двоен нервен бајпас е затоа што не само што повторно ги поврзуваме телото и мозокот за да добиеме допир и движење, ние исто така го поврзуваме и мозокот со ‘рбетниот мозокот“, изјавил Чад Бутон, професор на Институтот за биоелектронска медицина.

Томас веќе почнал да забележува природно закрепнување на повредите, што според специјалистите, може засекогаш да поправи дел од штетата што ја претрпел за време на несреќањата.

„Мислам дека немаше око што не беше без солзи во моментот кога Кит можеше да ја почуствува раката на неговата сестра“, изјавил Бутон.

Томас сега може да си го чеша лицето или да го избрише носот, работи за кои пред операцијата му требало асистенција од неговата сестра.

Тимот на Институтот во Њујорк се надева дека мозокот, телото и ‘рбетниот мозок на Томас наскоро одново ќе научат како да комуницираат и благодарение на двојниот бајпас да формираат нови патишта на повредните места.