„Харакири“ ќе свират на „Д Фестивал“

После турнеја со „Луфтанза“ низ повеќе градови на Балканот, и скоро издадено истоимено ЕП, „Харакири“ доаѓаат на Смут стејџ на „Д Фестивал 2023“.

„’Харакири’ ново македонско трио кое грубо кажано свири алтернативен рок, но вели дека го турка истиот до границите и пробува да му го скине хименот.  Својот компромис го најде во моќните и fuzzy гитарски рифови, строгите грувови и осетливите вокали“, стои во најавата на „Пасворд“ за „Д Фест“.

Инаку, фестивалот ќе се одржува летово од 30 јуни до 2 јули во Дојран, каде досега меѓу другите се најавени и раперите „Оникс“, култните треш-металци „Креатор“, грчкиот рок-бенд „1000Mods“, псај-техно диџејката Индира Паганото, раперката Мими Мерцедез, пејачката Алина Паш, инди-рокерите „КОИКОИ“, потоа домашни бендови како „Peach Vice“, „Смат“, „Red18“, „Вижнери“ и „Фанк Шуи“, исто така уметницата Зарина Првасевда, составот „Баклава“ итн.

Билети со „специјална цена“ се достапни најдоцна до 21 мај на www.dfestival.mk