„Гринфлуенсери на зајдисонцето“ – чистeње на кејот кај МКЦ

Здружението „За почиста Македонија“ за утре (недела, 11 јули) од 18:45 часот најавува акција на чистење на кејот на Вардар кај МКЦ насловена како „Гринфлуенсери на зајдисонцето“.

Организаторите најавуваат дека сите заинтересирани кои сакаат да се приклучат во акцијата можат да дојдат веднаш до мостот „Мајка Тереза“ помеѓу кејот и Плоштад „Пресвета Богородица“ од каде ќе започне чистењето. Организаторите ќе обезбедат кеси, ракавици и музика за време на чистката.

Овој настан е дел од проектот „Trash Tour“ (Еко Tурнеја Македонија – Не за ѓубре, да за акција!), поддржан од Фондација Отворено Општество Македонија.

Повеќе информации за настанот може да најдете на следниов ЛИНК.