Грета Тунберг уапсена на нафтена конференција во Лондон

Грета Тумберг е уапсена на лондонска нафтена конференција, која се одржува од 17 до 19 октомври во Лондон. Шведската еко-активистка била приведена од страна на полицијата, откако им се придружила на стотици други протестанти пред хотелот во Мејфер, каде што се одржувала конференцијата.

Извршните директори на најголемите, светски компании за нафта и гас учествуваат на конференцијата, каде присутни се инвеститори и британски функционери.

„Елитата на нафтата нема намера за никакви промени. Нивните планови и понатаму се водени од профит. Поради тоа, мора да се преземе директна акција“

Од британската полиција соопштиле дека приведени се пет активиски.

„Потребна е директна акција за да се преземе силата од нафтената елита која денес се собра зад затворени врати. Апсењата нема да не сопрат. Имаме право на протест“, изјавил претставник на организацијата зад „Фосил Фри Лондон“.

Во рамките на кампањата Oily Money Out, активистите за климата планираа тридневни немирни протести околу конференцијата.

Познати еко-активисти се приклучија на демонстрациите во вторникот на 17 октомври пред луксузниот хотел Интерконтинентал. Активистите на Гринпис  на хотелот за да развиорија транспарент на кој пишуваше „Да се плати  нафтата“.

Во среда на 18 се одржа уште еден целодневен протест против екстракцијата на нафта од Rosebank, со цел да се симне од функција извршниот директор на Equinor.

И во четврток, 19 демонстранти ќе излезат на лондонските улици како дел од јавниот „Фестивал на отпорот“, повикувајќи на крај за нафтата и гасот.