Грција направи ѕид на границата со Турција за да ги одврати потенцијалните мигранти од Авганистан

Грција вчера соопшти дека ја завршила оградата од 40 километри на границата со Турција и дека е воспоставен нов систем за набљудување, со цел да ги спречи можните баратели на азил да стигнат до Европа, по преземањето на Авганистан од страна на Талибанците, јавува „Екатимерини“.

Настаните во Авганистан ги засилија стравовите во Европската Унија за повторување на бегалската криза од 2015 година, кога речиси еден милион луѓе кои избегаа од војната и сиромаштијата на Блискиот Исток и пошироко, преминаа во Грција од Труција, пред да отпатуваат на север кон побогатите држави.

Грција, како што пишува „Екатимерини“ беше на првата линија на таа криза и рече дека нејзините гранични сили се во состојба на готовност за таа повторно да не стане порта на Европа.

Кризата во Авганистан создаде „можности за мигрантски текови“, рече министерот за цивилна заштита Михалис Хрисоидис по посетата на регионот Еврос со министерот за одбрана и шефот на вооружените сили.