Гран При за Женскиот младински хор при МКЦ на меѓународниот фестивал „Црноморски звуци“

На меѓународниот хорски фестивал и натпревар „Црноморски звуци“ кој се одржа од 4 до 8 јуни во Балчик, Бугарија, Женскиот хор при МКЦ оствари неверојатен успех со освојување на главната „Гран при“ награда.

„Ова е уште еден во низата успеси на хорот и маестро Сашо Татарчевски“, истакнуваат од МКЦ.

Фото: МКЦ

Освен на натпреварот, хорот зеде учество и на концертите на фестивалот како и на мастер предавањата каде се изучуваа нови композиции заедно со другите ансамбли учесници.

Патувањето и учеството беа поддржани од Министерството за култура и туризам како и Град Скопје. Женскиот младински хор при МКЦ продолжува со концерти во текот на јуни кои ќе се одржат во Охрид и Тетово.

Фото: МКЦ