Центар за меѓукултурен дијалог заедно со млади уметници од градот во недела (29 септември) ќе го организира првиот Графити фест на тема “Урбанизирај се за мир, љубов и заедништво “.
Настанот се реализира со цел да се остави простор на младите уметници да се искажат за доброто на градот, а во исто време да го намали нивото на вандализам на јавниот простор- велат од Центарот за меѓукултурен дијалог.
Фестивалот ќе се одржи пред младинскиот центар МултиКулти, месната заедница Тоде Мендол со почеток во 11 часот.
Настанот се случува откако непознати навивачи-вандали пред неполн месец ги исчкртаа ѕидовите на центарот МултиКулти и ги избришаа испишаните пораки за толеранција.