Град Скопје ќе до одбележи Денот на младите со кино и музика во Градски парк

По повод Меѓубародниот ден на млади, денес, на 12 август, Град Скопје во соработка со МКЦ и Универзална сала организираат културна програма на отворено во првиот дел на Градскиот парк.

Во 20 и 30 часот, манифестацијата ќе започне со проекција на филмот „Сестри“ од режисерката Дина Дума, по што ќе следува музичка програма со диџеј сетови на Мариго и Зоки Бејбе.

По повод одбележување на Меѓународниот ден на младите 12.08, Град Скопје во соработка со МКЦ и Универзална сала, утре организираат бесплатен културно забавен настан на отворено во првиот дел од Градскиот парк.

„Град Скопје посветено работи на подобрување на условите за живот на младите. Значајно е да се нагласи дека минатата година на овој ден се потпиша решението за формирање Собранието на млади на Град Скопје, кое се основаше за првпат во Градот Скопје со цел зголемување на учеството на младите лица во носењето на одлуките од нивен интерес на локално ниво“, велат од градската администрација.