Гилејн Максвел е осудена на 65 години затвор поради подведување девојки за Епстејн

Гилејн Максвел е осудена на затворска казна поради подведување на девојчиња и девојки за бизнисменот Џефри Епстејн кој подоцна сексуално ги злоупотребувал, пренесува „Euronews“.

Шеесетгодишната Максвел е обвинета поради подведување на четири тинејџерки во периодот од 1994 до 2004 година, за Епстејн, нејзиното поранешно момче. Во 2019 година од затворот на Менхетн излезе веста дека Епстејн се самоубил при чекање на неговата судска пресуда.

Максвел е осудена за пет прекршоци, вклучувајќи една пресуда поради трговија со луѓе. Адвокатите на Максвел најавија жалба за пресудата според која таа е осудена на 65 години затвор.

Судењето на Максвел се толкува како поетска правда бидејќи светот не дочека да го види судењето на Епстејн. Судењето е еден од најголемите судски процеси што е многу важен за движењето #МеТоо, преку кое многу жени се охрабрија јавно да зборуваат за сексуалното насилство од познати и моќни луѓе.

Судењето н Максвел траеше еден месец, а поротата слушна емоционални и експлицитни сведочења на четирите жени, кои ја претставија Максвел како најглавна улога во злоупотребата на Епстејн. Три од четири жени изјавија дека биле допирани од Максвел која учествувала во средбите, кои започнувале како масажи.

Адвокатите на Максвел се обиделе да ги поткопаат сведочењата на жените, истакнувајќи дека тие сакале да добијат пари и поради тоа ја обвиниле Максвел. Сепак, жените ги отфрлиле зборовите на адвокатите, велејќи дека се одлучиле да сведочат бидејќи сакаат правда.

„Парите нема да го поправат она што ми го стори Максвел“, изјавила жена која се претставува како Каролин, а била злоставувана од Епстејн на 14 години.

При судењето, обвинителите ја опишале Максвел како „десна рака“ на Епстејн.

„Гилејн Максвел го направи својот избор. Таа изврши злосторства рака под рака со Џефри Епстејн. Таа е возрасна жена која точно знаеше што прави“, рече помошникот на американскиот обвинител Алисон Мо.

Демијан Вилијамс, американскиот обвинител за јужниот округ на Њујорк, ја поздрави пресудата во изјавата дека Максвел е осудена за „едно од најлошите злосторства што може да се замислат“.

„Патот до правдата беше предолг“, истакнал тој. „Но, денес правдата е задоволена. Сакам да ја пофалам храброста на девојките – сега возрасни жени – кои излегоа од сенките и во судницата“.

Апсењето и самоубиството на Епстејн го привлече вниманието за улогата на Максвел во неговите сексуални злоупотреби и за односите на финансиерот со истакнати личности како што се поранешните претседатели на САД, Бил Клинтон и Доналд Трамп, британскиот принц Ендрју и милијардерот инвеститор Леон Блек.

Никој од нив не е обвинет за злосторствата поврзани со Епстејн.