Герила акција – Низ Скопје поставени најчестите дезинформации со поука

Вчера на повеќе локации низ Скопје анонимни активисти поставија макети од мобилни телефони на чии екрани се претставени некои од најчесто употребуваните и најштетните дезинформации во Македонија, пренесе Мета.мк.

Покрај секоја од лажните вести напишана е по една народна поговорка или адаптација на народна мудрост која укажува на штетноста, неморалноста и опасноста од манипулациите врз населението.

Фото: Мета.мк

Авторите на инсталациите поставија пет најзлонамерни дезинформации и ги соочија со пет народни мудрости.

АСНОМ е избришан од Уставот – Отвори си ги очите, ако мижиш, ќе те лажат!

Со договорот од Преспа станавме Северномакедонци – На лагата и се куси нозете, а долги опашките!

Путин ја ослободува Украина од фашизмот – Отвори си ги очите, ако мижиш, ќе те лажат!

Се градат кампови за Македонија да на населат стотици илјади мигранти – Проверувањето е мајка на знаењето, три пати провери еднаш сподели!

За само две недели ова ќе ви го промени животот – Што ќе кликнеш тоа ќе жнееш!

Повеќе фотографии на следниов ЛИНК.