Објавени се победниците од сите 17 категории на меѓународната манифестација за фотографската уметност, „Сиена Креативни Фото Награди“. Победничките фотографии доаѓаат 128 различни земји низ светот и повеќето од нив го концепираат сѐ позастапеното загадување на планетата врз што се искцртува илузија дека светот сѐ уште е здраво место за живот.
Во контекстот влегува и избор за најдобра фотографија извлечена од сите категории, а оваа година тоа е „Погрешна илузија“ од португалскиот фотографи Андре Бото што апелира за подигање на свеста за загадувањето.

Фото: „Погрешна илузија“, Андре Боте, најдобра фотографија во сите категории.

Фото: „Fish, You Can!“ од Јулиј Василев, најдобра фотографија во категоријата „Храна“.

„Точно на време“ од Џо Ховел, фотографија што ја опишува сложеност ана колонијата мравки и потребата за меѓусебна соработка меѓу неколку милиони индивидуи, фотографијата е победник во категоријата „Експериментална фотографија“.

Фото: „Secret Garden“ од Фенчијанг Лиу, најдобра фотографија во „Природа и пејзаж“.
Сите фотографии може да ги погледнете тука.
 
						 
								 
               
				![[Галерија] Загадување и илузии пренесени преку фотографии](https://www.radiomof.mk/wp-content/uploads/2022/06/1280x720_cmsv2_4972437e-8e30-53c1-a684-918b52b6f26f-6776554-702x336.jpg) 
					
										
								
											
						


