20 фирми за месо и млечни производи испуштаат повеќе јаглеродни емисии од Германија, Британија и Франција

20 сточни компании се одговорни за испуштање на јаглеродни емисии кои се поголеми од емисиите на Германија, Британија и Франција, пренесува „Гардијан“. Истовремено, компаниите добиваат финансирање во висина од милијарди долари, се вели во нов извештај подготвен од активистите кои се борат против климатската итност.

Одгледувањето стока значитено приdoнесува за испуштање јаглеродните емисии, а сточарството е одговорно за 14.5 отсто од светската количина на испуштен гас. Научните извештаи покажуваат дека богатите држави треба значително да го намалат сточарството за да влијаат на климатската итност.

Помеѓу 2015 и 2020 година, глобалното производство на месо и млечни производи добило инвестиции од над 478 милиони американски долари од инвестициски фирми, банки и пензионерски фондови, кои највеќе се наоѓаат во Северна Америка и Европа.

Со ваквото финансирање, извештајот прогнозира дека месното производство може да се зголеми за 40 милиони тони до 2029 година, со што би достигнало производство до 366 тони месо на годишно ниво.

Иако најголемиот раст најверојатно ќе се случи во југот, најголемите производители на месо и млечни производи ќе продолжат да бидат Кина, Бразил и САД, како и земјите членки на Европската Унија. До 2029 година, овие земји можно е сè уште да произведуваат 60 отсто од светското производство на месо.

„Сè е ова за профит и не ги адресира фундаменталните проблеми кои ги забележуваме во моменталниот месно центриран систем на исхрана, кој има уништувачко влијание врз климата, биодиверзитетот, но штетно им влијае и на луѓето ширум светот. Заклучокот е дека треба да го намалиме бројот на животните за исхрана, но да имплементираме и различни модели на конзумација“, изјавува Станка Бечева, активистка за храна и земјоделство.

Според Бечева, потребни се повеќе регулации во производството, за компаниите кои придонесуваат кои штетата да треба да платат повеќе и да ја минимизираат штетата во иднината.