[Галерија] Втор протест пред Уставен за одбрана на Уставот

По втор пат попладнево граѓани и активисти се собраа Уставниот суд за да побараат оставка од судиите поради вчерашната одлуката на судот да дозволи преиспитување на уставноста на законот со кој се забранува Претседателот да помилува осуденици за изборен криминал, педофилија и други тешки дела.

„Оставка“, „Апаши“, „Нема правда нема мир“ скандираа присутните. И денеска по некое јајце летна кон зградата на Уставниот суд.

Ваквата одлука донесена во рекордно време , појаснуваат од „Ајде“, покажува дека Уставниот суд застанува во одбрана на криминалците од власта кои местеле избори.

Погледнете ја галеријата на фотографот Ванчо Џамбаски од денешниот, втор протест пред Уставен.