[Галерија] Светлосни инсталации со инспирација од Сонцето го одбележаа „Skopje Light Art District“

25 уметници од 14 земји со помош на своите светлосни дела, инсталации и перформанси во изминативе четири денови го обоија Скопје низ фестивалот „Skopje Light Art District“, чие четврто издание заврши синоќа со посета од многубројни граѓани.

Главната тема на ова издание беше Сонцето, како непресушен извор на светлина и бесконечен извор на енергија. Оттука, посетителите можеа преку апликација да одат од точка до точка и да ја следат т.н. Патека на сончева светлина и да уживаат во инсталациите кај Поштата, потоа „Лифт до сонцето“, „Стелариум“, „Светлосен осцилатор“, „Допри ја светлината“, „Магична градина“… се’ до „чил зоната“ во вториот дел од Градскиот парк во Скопје, каде беше предвидена програма со диџеи.

Првиот ден фестивалот почна со целиот визуелен-аудио потенцијал, а потоа, во знак на солидарност поради трагичниот настан со пожарот во КОВИД-19 во болницата во Тетово и прогласената жалост на територија на цела држава, светлосните инсталации два денови беа без музика и звук.

Уметниците на 14 јазици испишаа пораки на надеж, проектирани на бината Школка, една од локациите на овогодинешното издание на светлосниот фестивал.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Radio MOF (@radiomof)

Во склоп на фестивалот се одржи и конференцијата „КреАрт“ во киното „Милениум“. Дел од артистите и разни гости зборуваа на тема „Повторно оживување на градовите преку уметноста“, односно за пракси на уметност во јавен простор, интеграција на нови уметнички форми, проекти за заедницата, еколошка уменост и сл. Меѓу презентациите беше и онаа на финскиот уметник Кари Кола, кој ја претстави градината „Бонитиа“.

Кари Кола, уметник и сопственик на „Ботаниа“: Во градината создадовме тропски услови кога надвор е -40 степени

Инаку, меѓународниот фестивал на светлосна уметност, „Skopje Light Art District“, во организација на ЈУ Универзална сала и Град Скопје, е дел од ROCK проектот, во рамки на програмата Хоризонт 2020 на ЕУ наменета за истражување и иновации.