[Галерија] Студентски пленум: Колку ни вреди еден таблет?

Дали таблетите навистина придонесуваат за зголемување на студентскиот стандард, анализираат студентите од Студентски пленум на Природно- математичкиот факултет. Во обид позитивно да одговорат на прашањето „‪#‎Шу‬ се можеш да направиш со таблет?“, доѓаат до следните одговори:

1. Да им љубомориш на студентите во странство за нормалните услови за живот во домовите.
2. Да гледаш како се изведуваат експерименти бидејќи немаш опрема на твојот факултет.
3. Да видиш дека нашата лабораториска опрема во Странција се смета за вреден музејски експонат.
4. Да праќаш по Карго алишта да ти ги перат во родениот град бидејќи немаш перална во домот.
5. Да резервираш авионска карта, бидејќи Македонија се сака од странство, додека скролаш за неа од таблет.

Погледнете ја сатиричната галерија по повод  доделувањето ваучери за студентите со ниски примања да можат да си купат таблет: