[Галерија] PMG Recordings Festival 4 во МКЦ

По повод 15 години од постоењето на PMG Recordings, со синоќешниот фестивал Младинскиот културен центар -МКЦ се врати духот на алтернативниот музички простор во Македонија. PMG го прославија својот 15 годишен период на независно функционирање со цел љубителите на електронскиот звук да можат да уживаат во него.

[Галерија] PMG Recordings Festival 4 во МКЦСо богат репортоар со квалитетната музика фестивалот започна во 10 часот, за половина час по полноќ забавата да ја достигне својата кулминација кога на едно место се собраа многу верни слушатели на музичкиот Канал 103. Преку настапот на Bei the fish и нивната конекција со публиката можеше да се предвиди дека ова е ќе биде еден успешен фестивал зад кој стои PMG, кои настапија веднаш по нив. За време на настапот, PMG ги придружуваше Теа Шалдева чиј вокал ја привлече верната публика.

А токму оваа публика пак, дојде овде можеби и како своевиден протест од тривијалните настани што се случуваа истата вечер во Скопје. Посетителите се согласија, овој четврти по ред фестивал беше потребен за културната сцена во Македонја, како доказ дека повеќе здружени умови можат да креираат квалитетна музика.

Голем впечаток остави и рускиот техно панкер Philip Girbachev кој ја воодушеви публиката. Тој и останатите странски настапувачи Monozid the band, Comeme додадоа дел од надворешната алтернативна сцена, како еден вид поддршка преку нивната музика на она што се создава во Македонија.

Изминатите 15 години, PMG Recordings успева да направи 100 изданија, со желба следните 5 години оваа бројка да биде двојно поголема. „PMG Recordings Festival 4 е природно продолжение на нашите фестивалски заложби за напредно презентирање на најсвежите сонични авантури на македонскиот дел од музичкиот универзум“, велат организаторите. Еден ден претходно, загревање за забавата имаше и во Радио МОФ.

Во прилог и неколку фотографии од синоќешниот фестивал во МКЦ.

[Галерија] PMG Recordings Festival 4 во МКЦ

[Галерија] PMG Recordings Festival 4 во МКЦ

[Галерија] PMG Recordings Festival 4 во МКЦ

[Галерија] PMG Recordings Festival 4 во МКЦ

[Галерија] PMG Recordings Festival 4 во МКЦ

[Галерија] PMG Recordings Festival 4 во МКЦ

 

Сара Миленковска