[Видео стрим] Соба со бојлер – ПМГ, Радио МОФ, Drop Series

Утревечер (17 октомври), како загревање за четвртиот PMG Recordings Festival –  Радио МОФ, Drop Series и ПМГ подготвуваат специјален настан за љубителите на клупскиот звук. Со почеток во 21.00 часот, во посебно адаптирана просторија во Радио МОФ, свој настап ќе имаат четворица диџеи, кои ќе се обидат да го зовријат „бојлерот“ и најдобро што умеат да ја подготват скопската публика за фестивалот кој се случува во петок.

[Видео стрим] Соба со бојлер - ПМГ, Радио МОФ, Drop Series

Подиумот е затворен, но настанот е отворен, затоа што ќе се пренесува во живо на Радио МОФ. 

Следете го овој несекојдневен музички настан на: www.radiomof.mk/PMGbojler

Настапуваат:

Mirko Popov [PMG]
Goran Kan b2b Vidinovski [Drop Series]
B!Zarre [OLUK/Radio MOF]