[Галерија] Новозеландски уметник со привремени тетоважи им ја зголемува самодовербата на деца од болница во Окленд  

Уметникот Бенџамин Лојд од Нов Зеланд повеќе од десет години се занимава со уметност, но во изминативе години почна да слика привремени тетоважи. Најпрво за забава и само за возрасни, а потоа продолжи да работи и со млади.

Уште во 2016-та година на Фејсбук објави дека ќе им направи привремени тетоважи на сите деца во Детската болница во Окленд, доколку добие 50 лајкови. Но, тој не доби 50 лајкови, туку над 400.000! Бројот потоа продолжи да расте, и расте… Верен на својот збор, Лојд се согласи да го почитува своето ветување.

„Ништо не ми носи поголема радост од зголемувањето на самодовербата кај децата со привремена тетоважа. Единствената лоша работа е што потоа не сакаат да се тушираат“, рече Флојд.

Платформата BoredPanda уште во 2016-та ги објави првите привремени тетоважи од Лојд, а сега има и нова галерија, со нови деца, на кои им е добредојдено вакво одвлекување на вниманието за време на нивните третмани во болницата: