[Галерија] Најдобрите новинарски фотографии 2021

Фотографијата „Прва прегратка“ на фотографот Мадс Нисен е прогласена за најдобра новинарска фотографија на годината (World Press Photo of the Year 2021).

На неа е прикажана емотивната повторна средба помеѓу жители на дом за стари лица во Бразил со нивните сакани откако шест месеци биле разделени поради пандемијата.

Покрај победничката фотографија, оваа година меѓу наградените дела имаше и приказни за преживување на пандемијата, климатската криза, социјалните протести и територијалните конфликти.

Наградата на Фондацијата „World Press Photo“ важи за најугледното признание во новинарските фотографии од 1955 година. Победниците добиваат парична награда од 5.000 евра, а фотографиите се објавуваат во годишниот алманах и се дел од патувачка изложба која поминува низ 120 градови од 50 држави низ светот и секоја година ја гледаат повеќе од 4 милиони луѓе.

Во продолжение ви пренесуваме дел од победничките фотографии:

Победник во категоријата „Општи вести“ – Прва прегратка / Мадс Нисен, Данска

Победник во категоријата „Сторија на годината“ – Хабиби / Антонио Фачилонго, Италија

Целосната фото сторија на следниов ЛИНК

Победник во категоријата „Современи проблеми“ – Уште една воена рана / Пабло Тоско, Аргентина

Победник во категоријата „Современи проблеми – стории“ – Сакавуд / Алексеј Василјев, Русија

Целосната фото-сторија на следниов ЛИНК

Победник во категоријата „Екологија“ – Калифорниска фока игра со маска / Ралф Пејс, САД

Победник во категоријата „Екологија – стории“ – Пантанал во оган / Лало де Алмеида, Бразил

Целата фото-сторија на следниов ЛИНК

Победник во категоријата „Природа“ – Спасување на жирафи од поплавен остров / Ејми Витале, САД

Победник во категоријата „Општи вести – стории“ – Изгубениот рај / Валери Мелников, Русија

Целата фото-сторија на следниов ЛИНК