[Галерија] Акција во „Никола Карев“ – учениците испратија пораки за мир

Мировните активисти од СУГС „Никола Карев“, под менторство на професорката Елвира З. Мустафа, а под покровителство на Првата детска амбасада „Меѓаши“, повторно започнаа подготовки за 21 септември, светскиот Ден на мирот.

Учениците со акција испратија порака „Поттикни мир“, бидејќи, како што вели Мустафа – „мирот почнува со тебе“.

Радио МОФ веќе пишуваше за професорката која заедно со колешки уште во 2014 година дојдоа до идеја да започне  Философски клуб во склоп на „Никола Карев“, каде младите имаат шанса да си го отворат умот и размислуваат, да бидат индивидуи, личности што сами носат одлуки и истовремено креираат и се ангажираат.

Од младите од „Никола Карев“ досега произлегоа различни дела и акции – посета на домови, хуманитарни акции, поддршка на лица што живеат на улица и сл. Ова е продолжение на идејата за мировен активизам и креативно изразување.

Фотографиите ни ги испрати Елвира Мустафа