Фотографска изложба од работилници за деца во Чифте амам

Во галеријата Чифте амам вечер од 20 часот ќе биде отворена продажна изложба „Nos Creare” на 28 уметнички фотографии направени на различни локации во земјава од деца учесници на фото-сафари работилници.

Собраните средства од продадените фотографии ќе бидат наменети за купување фотографска опрема и компјутери кои ќе помогнат да продолжи учењето нови вештини и креирањето нови дела.

„Истовремено се гордееме со успешноста на процесот на деинституционализација што го води Министерството за труд и социјална политика со меѓународните партнери. Оваа работилница за фотографија е една од низата успешни приказни за едно општество за сите од која се видливи првите ефекти и напредок. Нашата цел е во наредниот период да ги збогатиме програмите за едукација со што слободното време на децата од малите групни домови ќе го посветиме на учење занимања, вештини и социјализација“, соопштија организаторите Ладислав Кинг и Вертиго креатив.

* Оваа содржина е изработена со помош на Европската Унија во рамките на Проектот за младинско изразување. За објавените содржини е одговорен Младински образовен форум и истите нужно не ги одразуваат ставовите на Европската Унија.