[Фото] Волонтерска акција „Опстанок“ во училиштето „Таки Даскало“ во Битола

Младинскиот културен центар – Битола како граѓанска организација која работи на промовирање на волонтерството на локално и национално ниво, денес ја реализираше волонтерската акција „Опстанок“.

Акцијата се реализираше во СОУ „Таки Даскало“ Битола, во соработка со вработените и волонтерите од училиштето, со цел да се обнови и да се обезбедат услови за зачувување на зеленилото во училишниот двор.

„За време на акцијата се засадија садници и се постави систем за наводнување ‘капка по капка’ како би обезбедиле услови за одржување на зеленилото во училишниот период. Во дополнение на оваа активност волонтерите ги разубавија жардинериите во дворот со исцртување и обојување. Училишниот двор во СОУ „Таки Даскало“ Битола сега е уреден, раззеленет и обезбедени се услови за опстанок на зеленилото во престојниот летен период“, велат од МКЦ – Битола.

Во акцијата беа вклучени 50 волонтери од редовите на волонтерскиот клуб на училиштето, вработените во училиштето и претставници од граѓанскиот сектор во Битола.

Проектот „Време е за волонтирање“ е поддржан во рамките на „Младинско учество за силен и одржлив развој на заедницата“, финансиран од Европската Унија.