[Фото + видео] „Зрно“ ги спои љубителите на благородните фотографски процеси

Изминативе денови се одржуваше „Зрно“, првиот фестивал за алтернативна фотографија. Зрното изрти со изложба на алтернативни фотографии од различни автори, а потоа на Матка постојано се случуваа работилници и дружби на повеќе љубители на благодорните фотографски процеси од регионот.

Организаторите веќе рекоа дека „Зрно“ произлезе од инхерентната потреба да се негува шароликоста на нивниот омилен медиум и како отпор кон закоравениот поглед кон фотографијата кај нас.

„Зрно се нарекува фестивал, затоа што сака да ја слави фотографијата, во сите нејзини игриви облици. Зрно е иницијатива на неколку фото ентузијасти, кои сакаат да ја слават алтернативнта фотографија, старите процеси во фотографијата и нејзината незаменлива убавина. Зрно сака да ја разигра домашната сцена и да го испровоцира светот. Да го натера да успори, да промисли. Да допре. Да прифати игра, да се отвори за „грешките“. Да се насмее. Да се реобмисли себе. Да дише…“, посочија организаторите.

Во продолжение, погледнете галерија и видеа што ги сними тимот на фестивалот:

Фото: Фејсбук/Зрно Фестивал