Во средината на декември, забавниот парк „Сарканиеми“ беше домаќин на „Валкеа 2023“ – Фестивал на светла и уметност. Волшебните визуелни уметнички инсталации со масивни светлосни столбови го привлекоа вниманието на посетителите, трансформирајќи го забавниот парк во свет на уметност за сите сетила.
Куриран од уметникот Кари Кола – за некои познат и како човекот кој пред неколку години ја создаде „Магичната градина“ во Градскиот парк во Скопје – на овој настан во Финска беше претставен и како уметнички директор.
Меѓу другото, тој дизајнираше уникатно уметничко дело – инсталација со неверојана светлина само за потребите на тематскиот парк.
„Светлината и уметноста создаваат кохезивен, надреален свет од бајките во Сарканиеми. Настанот во забавниот парк се доживува преку светлина, уметност, музика и изведувачи“, велат од паркот.
Самиот Кари Кола, пак, потенцира дека имал среќа да најде многу креативни луѓе кои се инспирирале на локациите, додека макотрпно работеле низ целиот уметничко-светлосен-технички потфат.
„Тоа беа луѓе кои гледаа решенија, а не проблеми, кои се поддржуваа едни со други кога стануваше тешко. Овие луѓе ги овозможуваат овие проекти дури и работиме на тешки услови“, соопшти Кари Кола.
Фото: Рами Саарикорпи