[Фото] Стотици еко торби со QR-код поставени низ Охрид – Герила акција за чисто Охридско Езеро

Утринава Охрид се разбуди со стотици еко торби поставени на разни локации низ градот.

Станува збор за герила акција од страна на СУП Клуб Охрид, чија главна цел е да се подигне свеста за намалување на пластика за еднократна употреба на еден симболичен начин, воедно и да ја започнат акцијата за чистење на отпад од плажите која ќе трае до 21 јуни.

Активистите велат дека првиот ден од летото 21 јуни, кој е и прогласен за Ден на Охридско Езеро, ќе биде обележан со една голема „Супер Чистка“ – акција која традиционално се одржува веќе шеста година по ред.

Изминатите години СУП Клуб Охрид организираше бројни волонтерски акции – „Супер Чистки” преку кои нудеа бесплатни обуки и сите учесници добива СУП или кајак со цел да се исчистат места кои се достапни само по вода. За да го зголемат ефектот оваа година тие повторно ги повикуваат сите да си ја исчистат својата омилена плажа, а секој кој ќе го направи тоа добива гратис возење со СУП или кајак.

Од СУП Клуб Охрид велат дека имаат една цел – да нема повеќе пластика во езерото, воедно со тоа заедно да ги изградат еколошките навики и развојот на одржлив туризам.

Фотографии: СУП Клуб Охрид