Фото: Силниот дожд повторно го поплави Стајковци

На социјалните мрежи се појавуваат слики од моменталната ситуација во Стајковци, на која се гледа како улиците во селото повторно се исполнети со вода, по силниот дожд кој го зафати скопскиот регион последниве 12 часа.

Жителите коментираат дека дождот го отежнал нивното движење и функционирање.

„Нека дојдат да видат – водата ни е пред врата“, „Се движиме со чизми до колена и си ги земаме децата од градинка“, „Автобуси има, но улиците се претворени во езеро – внимавајте“, „Никој не направи ништо“, „Само да не се повтори“, се дел од коментарите на социјалните мрежи од граѓаните.

stajkovci-3

Стајковци во овие моменти Фото: Фејсбук

Вчера граѓански активисти упатија критики до централната и локалната власт за бавната санација на регионот, кој беше зафатен од катастрофалните поплави во август. Во тие поплави, по неколкучасовниот пороен дожд, повеќе од 20 лица го загубија животот и се нанесе огромна материјална штета.

stajkovci