[Фото] Повеќе од 3.000 учеснички ја истрчаа единаесеттата „Авицена Женска трка“

Повеќе од 3.000 учеснички ја истрчаа единаесеттата „Авицена Женска трка“ што претставува нов рекорд на натпреварувачки, соопштија организаторите. Стартот и целта на 3 километарската трка беа на булеварот „Илинден“, кај фонтаната Лотос.

Победничка на овогодишната трка беше Биљана Кираџиева со 10 минути и 56 секунди, второто место ѝ припадна на Рената Соколовска за 11 минути и 20 секунди, додека третото место го освои Фросина Михајловска со време од 11 минути и 30 секунди.

Гордана Николовска од Сојузот на спортови на Скопје рече дека е исклучително среќна што трката од година во година привлекува сѐ поголем број натпреварувачки.

„Ги поканувам сите заинтересирани да се пријават и земат учество на трките во наредниот период, а секако ги чекаме и наредната година на 12тото издание на Авицена Женска трка“, изјави Николовска.

Стартот на трката го означи директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсоски, додека наградите ги доделија градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска и секретарот на Град Скопје Зоран Глигоров.

Доделени беа и признанија за најбрзите во 7 возрасни категории, велат организаторите и додаваат дека по доделувањето на наградите следувала лотарија со подароци од партнерите на трката.

фото: „Женска трка“

фото: „Женска трка“