[Фото] „Поинаку“ со нова акција алармира на проблемот со шахтите во Битола

Иницијативата „Поинаку“, која има свои советници во битолскиот Совет, преку нова акција укажува на проблемот со шахтите.

Советниците неколку пати побарале по институционален пат да се реши овој проблем во Битола, но, велат тие, сите нивни досегашни барања до денес не се прифатени.

Сега поставија табли со натписи:


„Поинаку“ досега имаше различни урбани акции на јавни површини – поставуваа свои монтажни обрачи и кеси за отпад, чистеа автобуски постојки,  го разубавуваа градот со цвеќиња, а неодамна поставија и канти за отпушоци низ градот, кои истовремено служат и за јавна еко анкета.