„Не фрлајте отпушоци по улици, гласајте!“ – порачуваат од „Поинаку“ со нова акција низ Битола

Активистите на битолската иницијативата „Поинаку“ денеска имаа нова акција. Тие поставија канти за отпушоци низ градот, кои истовремено служат и за јавна еко анкета.

„Поинаку“ ги праша своите сограѓани – Што сакаат битолчани? А како опција, тие имаат да одговорат: чист воздух, велосипедски патеки, реконструирани улици, модерен спортски комплекс или зимско-летен туристички центар Пелистер.

Шо сакат битолчани???Не фрлајте отпушоци по улици, гласајте!#poinaku #morapoinakuГабриела Илиевска Ivan Culakoski

Posted by Поинаку on Friday, 3 July 2020

Засега, според фотографиите од акцијата предничат желбите за чист воздух и велосипедски патеки.

„Не фрлајте отпушоци по улици, гласајте!“, порачуваат од битолската иницијатива.