По пауза од неколку децении, повторно е забележано присуството на балканскиот рис во Национален парк „Галичица“. Една единка е „заловена“ од фотозамки, покрај оградата на Репродуктивниот центар за елени на НП „Галичица“.
„Се надеваме дека оваа голема мачка ќе си го најде својот дом на оваа планина, а ние ќе продолжиме со нашите напори да го зачуваме неговото живеалиште“, велат од НП „Галичица“.
Во светот се преостанати уште 40-тина единки балкански рис, распределени во трите соседни држави – С. Македонија, Косово и Албанија. Овој вид животно е на раб на изумирање според Црвената листа на загрозени видови.
Во продолжение, прочитајте ги истражувањата на Радио МОФ за балканскиот рис:
По трагите на Лиса и Филипче, балканските рисови кои обединија три држави