[Фото] Планинарската патека Водно-Матка каде би минувал гасовод

Активистката Невена Георгиевска објави фотографии од делови од Парк-шумата Водно, односно од планинарската патека Водно-Матка, за каде вели дека би можела да поминува оспоруваната траса на гасоводот.

Иницијативата Го Сакам Водно изминатиов период на повeќе пати реагираше дека заштитената Парк-шума Водно е дом на загрозени, ретки и ендемични видови. Укажаа дека гасоводот би поминувал низ 4 километри шума, високостеблеста, а делот што властите го карактеризираат како „нискостеблеста шумa“ е густа шума на дрвја, високи околу 2 метра.

Еко-активистите потенцираа и дека целата тероторија на Парк-шумата Водно е подложна на ерозија, па е нужна друга, алтернативна траса за гасоводот. Истовремено, од Владата тврдеа дека со трасата „ќе биде минимизирано какво било оштетување, кое ќе биде компензирано“.

Го сакам Водно презентираа и детална анализа за гасоводот и влијанијата врз животната средина, но и недоследности со документацијата за трасата.

[Анализа] Граѓанските иницијативи остануваат против изградба на гасоводот низ Водно