[Фото] Нуркачот Паскали најде и бојлер во Охридско езеро: Апартманот е скоро комплетиран

На локација кај селото Трпејца, кај местото викано На Дол, нуркачот Никола Паскали во Охридското езеро најде стар бојлер.

Фотографиите од бојлерот нуркачот ги објави на Фејсбук, потенцирајќи дека се работи за длабочина од 5 метри, на околу 10 метри од брегот.

„Апартманот е скоро комплетиран, само уште неколку елементи…“, стои во објавата на Паскали од нуркачкото друштво „Акватек“.

Инаку, претходно тој во езерото под заштита на УНЕСКО најде и стара када и вреќа со плочки.

„Реновирањето“ продолжува – најдена и вреќа со плочки во Охридско Езеро