„Реновирањето“ продолжува – најдена и вреќа со плочки во Охридско Езеро

Нуркачите од нуркачкиот центар „Акватек“ по пронаоѓањето на кадата во Охридското Езеро сега пронајдоа и вреќа со плочки.

„Вреќата со плочки беше лоцирана 2018 година. Сега е извадена…. Полека но сигурно до крајот на сезонава апартмачето ќе го реновираме…Рибиве шо ме гледет си викет овај не е нормален“, се вели во нивната објава на Фејсбук.

Во меѓувреме, кадата и шутот се уште чекаат да бидат тргнати.