[Фото] Хип-хоп танцови битки по повод Европското првенство во танци

На платото пред „Ист Гејт“ вчера млади танчери од цело Скопје се натпреваруваа еден на еден, танцувајќи на хип-хоп теми, а сето тоа пред погледот на жирито. На крајот беа избрани најдобрите танчери кои си добија награди.

„Хип-хоп танцовите ‘битки’ (hip – hop battles) се организираат околу размена на танцови лице в лице и, иако танчерите мобилизираат разновиден опсег на изрази на лицето, сѐ се осврнува на лицето како кореографска направа, односно танчерите стратешки користат израз на лицето за да ги предизвикаат нивните противници“, велат организаторите.

Ти посочуваат дека за оние кои не се премногу блиску до приказната за овој феномен, хип – хоп танцовата битка e креативен формат кој се движи на традиционалната рамка на жанрот хип-хоп и ги нагласува танчерските способности, односно сценската изведба на танчерите.

„Токму такви ‘битки’ ќе го одбележат ова лето, на Европското првенство во танци 2022, од 2ри јули (сабота) до 5ти (вторник) јули, кое ќе приреди многу музички и танцови изненадувања во Ист Гејт и СЦ Јане Сандански“, соопштува организаторот.

Вчерашниот настан беше последна најава за првенството во танци, за кое велат дека ќе ја обедини Европа.