[Фото] Герила акција на #НаТочак: „Не си заглавен во сообраќај, ти си сообраќај“

Транспаренти со пораките „Избери точак, одглави се“ и „Не си заглавен во сообраќај, ти си сообраќај“, се појавија во центарот на Скопјe.

Станува збор за акција на иницијативата НаТочак, која ја споделија на своите профили на социјалните мрежи.

НаТочак се поддржувачи на велосипедскиот сообраќај во Скопје. Тие се познати по заложбите за подобра велосипедска инфраструктура и одржлив транспорт.

* Оваа содржина е изработена со помош на Европската Унија во рамките на Проектот за младинско изразување. За објавените содржини е одговорен Младински образовен форум и истите нужно не ги одразуваат ставовите на Европската Унија.